03.12.2018

За да луѓето со попреченост имаат фајде од услугите за сексуално и репродуктивно здравје, тие мора да бидат пристапни и достапни

По повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и Платформата за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права на лицата со попреченост и оваа година потсетуваат дека лицата со попреченост – како и лицата без попреченост – се сексуални битија. Оттука, за да можат тие да си го остварат правото на пристапни и достапни сервиси за сексуално и репродуктивно здравје и да добијат услуги согласно нивните индивидуални потреби, потребно е да се отклонат бариерите кои постојат на сите нивоа во нашето општество.

Квалитативните истражувања, спроведени од ХЕРА, покажуваат дека здравствените установи не се физички пристапни, а здравствените работници и соработници најчесто не се подготвени да разговараат за различните потреби што луѓето со попреченост ги имаат во однос на сексуалноста и сексуалното и репродуктивно здравје (СРЗ). Обично, овие теми се дискутираат само ако лицето со попреченост се соочи со одреден проблем. Податоците од спроведените истражувања на ХЕРА посочуваат дека 32% од лицата со попреченост не знаат како да користат кондоми за да се спречат несакана бременост. Во отсуство на адаптирани и приспособени едукативни материјали, повеќето од лицата со оштетен вид и слух бараат информации за СРЗ на интернет. Како последица, 41% од лицата со попреченост не можат брзо и едноставно да пристапат до здравствени услуги.

Општо земено, релативно мал број лица со телесна попреченост користат услуги поврзани со СРЗ. Многу често, жените се соочуваат со тешкотии за време на гинеколошките прегледи поради несоодветноста на гинеколошките столови, поради што жените со попреченост не можат правилно да ги постават нозете поради спазам или карлични компликации. Мажите со телесна попреченост, пак, многу ретко ги посетуваат лекарите за услуги за СРЗ, делумно поради бариерите, а често и поради фактот што не знаат каде да се обратат.

Токму затоа, преку кампањата на социјалните медиуми, којашто ќе започне денеска, ХЕРА и Платформата за СРЗ на лицата со попреченост ќе го подигнат гласот и ќе едуцираат за важноста од пристапни и достапни услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Нашите заложби се во иста линија со препораките што во ноември годинава ги даде Комитетот за правата на лицата со попреченост во Заклучните согледувања од разгледувањето на иницијалниот извештај на Република Македонија.

Комитетот, меѓу останатото, во членот 25 којшто се однесува на здравството, препорача да се усвои стратегија за обезбедување бесплатен или лесно достапен пристап до сите потребни здравствени услуги за лицата со попреченост, како и обучување медицинскиот персонал за правата на лицата со попреченост и пристапот кон овие лица врз база на човековите права; да се преземат мерки за обезбедување на достапност и пристапност на здравствените установи и услуги, како и за отстранување на сите физички пречки за пристапност во здравствените центри и давање на сите податоци во форма која е пристапна за лицата со попреченост; да се обезбеди дисеминација на податоци за правата од областа на сексуалното и репродуктивното здравје во соодветна форма за сите лица со попреченост, како и на услуги кои се сензитивни според родот и возраста и да се обезбедат специјализирани услуги за лицата со попреченост во сите делови на државата.

Попреченоста е во општеството, а не карактеристика на одредена личност. Отстранувањето на бариерите ќе овозможи еднаква пристапност, достапност и достоинствен третман на сите лица при користење на здравствените услуги, вклучително и на услугите за СРЗ.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Стандарди и процедури за работа на Кризен центар за жртви на сексуално насилство

Од непосакувано „додворување“ и шеги со сексуална конотација до силување, кое може да го врши непознат, цела група, познато лице или член на семејството, сексуалното насилство е често застапен вид на злоупотреба и дел од проблематичната реалност на многу жени и девојчиња во светот и кај нас.

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.