ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за изработка на онлајн база на податоци за внатрешна употреба на организацијата. Податоците кои ќе се собираат се од стратешка природа за потребите на ХЕРА и ќе овозможат следење на ефективноста на работата на организацијата. Понудата треба да предвиди и обезбедување на домен и хостинг на онлајн базата во период од три години по нејзиното започнување со работа.
Ве покануваме да ни ги доставите вашите понуди најдоцна до 10.02.2019 година до 16.00 часот по електронски пат на konkurs@hera.org.mk или по пошта нa: ХЕРА, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје.
Во делот на техничките спецификации се обезбедени информации и детали за осмислување на понудата.
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Договорен орган е ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со адреса на ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/2390 395, факс 02/2556 002.
Лице за контакт кај договорниот орган е Милош Стојановиќ, телефон 3292-395, факс 2556-002, електронска адреса milos.stojanovik@hera.org.mk.
2. Предмет на повикот
Предмет на повикот е изработка на онлајн база на податоци и обезбедување домен и хостинг на базата на податоци во период од три години. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација.
3. Начин на испорака/ извршување на услугата
Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача на поштенската адреса ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје или по електронски пат на konkurs@hera.org.m
4. Рок на испорака/ за извршување на услугата
Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот до 30.03.2019 година.
5. Начин на плаќање
100% од плаќањето ќе се изврши по предавањето на готовиот продукт.
6. Право на учество
6.1. Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице.
7. Изготвување и поднесување на понудата
7.1. Понудата се изготвува во електронска или печатена форма, со користење на обрасците дадени во прилог.
7.2. Елементи на понудата
Секоја понуда треба да е составена од следниве елементи:
- Образец на понуда (Прилог 1),
- Биографија/портфолио на физичкото/правното лице со истакнати работни ангажмани за креирање бази на податоци, портали, платформи (Прилог 2)
7.3. Јазик на понудата
Понудата, како и сите документи се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо.
7.4. Цена на понудата
Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
7.5. Валута на понудата
Цената на понудата се изразува во денари.
8. Краен рок и место за поднесување на понудите
Крајниот рок за поднесување на понудите е 10 февруари 2019 година до 16.00 часот. Понудите се поднесуваат електронски на konkurs@hera.org.mk или по пошта на ХЕРА, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена.
9. Известување за доделување на договорот/ите за набавка
9.1. Избраното физичко/правно лице ќе биде известено во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда. Во исто време, и сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од повикот и за одлуката кој е најповолниот економски оператор.
10. Технички спецификации
Предметот на набавката не е делив:
- Изработка на онлајн база на податоци од стратешките индикатори за организацијата
- Обезбедување на домен и хостинг на онлајн базата во период од три години
Изработка на онлајн база на податоци
Онлајн базата на податоци има за цел да создаде интерен софтверски систем на организацијата преку кој ќе се следи и анализира ефективноста на работењето на ХЕРА согласно поставените стратегиски индикатори за периодот 2018-2022 година. Стратегијата и стратегиските индикатори, кои се основа за подготовка на базата на податоци за организацијата, може да се најдат на следниов линк.
Онлајн базата треба да овозможи секој од вработените на организацијата во континуитет да внесува податоци (индикатори) кои се резултат на активностите и проектите кои се спроведуваат тековно. Покрај менија за внесување на податоци, базата на податоци е потребно да содржи и менија за прегледи/извештаи за индикаторите (податоците) во секое време и за одреден временски период со што ќе се следи прогресот на работата на организацијата. Базата на податоци треба да овозможи внесување и на извештаи за приближно 25 индикатори со под-индикатори. Организацијата ќе направи детални спецификации за секој од индикаторите и ќе работи заедно со понудувачот за прецизирање на податоците од онлајн базата.
Обезбедување на домен и хостинг на онлајн базата на податоци во период од три години по започнувањето со работа
Онлајн базата на податоци ќе користи посебен назив на домен, а со цел нејзино непречено функционирање, потребно е обезбедување хостинг за три години и https безбедносен сертификат. Името на доменот, хостингот за три години и безбедносниот сертификат се интегрален дел од предметот на набавката.
Временска рамка
Економскиот оператор треба да се води од следнава временска рамка:
ВРЕМЕНСКА РАМКА | ||
АКТИВНОСТ | МЕСЕЦ | |
Предлог-дизајн и функционалност на онлајн базата на податоци | 25 февруари – 10 март | |
Изработка и дизајн на веб-страницата | 10-25 март | |
Целосна функционалност на онлајн базата на податоци со обезбеден домен, хостинг и безбедносен сертификат | 25-30 март | |
Буџет
Економскиот оператор треба да достави листа со цени за секоја поединечна испорака/услуга, со и без ДДВ, и вкупниот буџет на крај да го прикаже со ДДВ.