ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на координатор/ка за комуникации
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Завршено високо образование
- Најмалку 3 годишно работно искуство во координирање на комуникациски активности и односи со јавноста
- Напредни вештини за уредување, развој на содржини и комуникација со нови и традиционални медиуми
- Изградени вештини за логистика и спроведување на административни задачи
- Солидни познавања за издавачката дејност и процеси на продукција на видео и аудио материјали
- Напредно користење со англиски јазик
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
- Државјанство на Република Македонија
Предност ќе имаат кандидатите и кандидатките кои ќе покажат искуство во:
- Искуство со комуникација на теми поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје и права
- Солидни вештини за користење на програми за графичко уредување
- Искуство во работа во здружение на граѓани
Опис на работната позиција:
Вработената или вработениот ќе биде одговорна/ен за организирање на логистичките и комуникациските активности. Обврските ќе бидат поврзани со координирање на севкупната комуникација со јавноста и медиумите, осмислување на стратегии за комуникација, организирање на конференции за медиуми, организирање на состаноци и обуки, раководење со веб страна, платформи на социјалните медиуми, подготовка на извештаи, фасилитирање на процеси на продукција на видео и аудио материјали, како и издаваштво.
Работниот ангажман е до 30 јуни 2018 година и предвидува договор за работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Предвидената БРУТО платата е во висина од 46.000,00 денари.
Најдоцна до 26 јуни 2017 година заинтересираните кандидати и кандидатки треба да достават:
– Детална биографија (во која јасно го наведуваат претходното искуство според пропозициите/условите на конкурсот)
– Писмо за мотивација
– Една препорака од претходните работни места кои потврдуваат искуство во спроведување на комуникациски активности
Ќе се разгледуваат само оние кандидатки и кандидати кои ќе ги достават бараните документи. Оние кои ќе ги обезбедат докази за бараните критериуми ќе влезат во потесен избор и ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.
ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидати без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа, ќе имаат еднакви услови.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за координатор/ка за комуникации можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (оглас за координатор/ка за комуникации)