09.06.2017

Отворено писмо до Собранието на Република Македонија

Во врска со Предлог за покренување на граѓанска иницијатива за предлог Закон за изменување на Законот за работни односи, поднесен на 25.10.2016 од група граѓани

 

Почитувани пратенички и пратеници,

Платформата за родова еднаквост, во која членуваат 22 организации и мрежи, го поздравува отворањето на прашањето за измени на Законот на работни односи, кој во голема мера третира прашања од интерес за правата и статусот на жените и родовата рамноправност. Истовремено, ја поздравуваме отвореноста на Собранието да дискутира за потребата од законски измени поттикнати од граѓански иницијативи.

Сепак, сакаме да укажеме на неколку аспекти кои се од суштинско значење за демократските процеси, начинот на креирање политики и носење на одлуки.

Најпрво, бараме почитување на законски пропишаните процедури  за прифаќање и разгледување на граѓански иницијативи кои се однесуваат на измени на закони. Според Член 67 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, Парламентот е надлежен да ја утврди пред сѐ уредноста на поднесената иницијатива без да навлегува во материјална расправа за истата. Сметаме дека од формално – правен аспект овој член не се испочитува во целост во расправите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците (одржана на 06.06.2017) и Законодавно-правната Комисија (одржана на 07.06.2017) заради навлегување во материјална расправа која понатаму доведе до реакции во јавноста на различни засегнати страни. Доколку се навлегува во материјална расправа на предложената инцијатива тогаш не смее да отсуствува расправа пред сè во дел од комисиите кои се појавуваат како матични за дадената проблематика.

Почитувањето на пропишаните законски процедури од сите надлежни органи и институции е исклучително важно заради обезбедување на партиципативност на сите засегнати страни и транспарентност на процесот на носење на одлуките кои гарантираат подобри законски решенија.

Дополнително, сакаме да нагласиме дека материјалната расправа за прашањето кое го третира граѓанската иницијатива не смее да се одвива во услови на неформирани работни тела во чија надлежност се законите кои ги уредуваат прашањата на отсуство од работа заради бременост, раѓање и родителство. Бараме во најбрз можен рок да се формираат сите работни тела, особено Комисијата за еднакви можнсти на жените и мажите, со паритетно учество на пратеници и пратенички (сооднос 50%/50%), каде ќе може да се отвори широка дебата за унапредување на законите кои ги уредуваат прашањата на отсуство од работа заради бременост, раѓање и родителство.

Истовремено сакаме да истакнеме дека при носењето на законски решенија кои ги уредуваат овие прашања треба да се почитуваат генералните принципи поврзани со европските директиви за недискриминација и родова еднаквост, како и предизвиците на македонскиот контекст.

На крајот, бараме од Собранието на Република Македонија при измени или носење на законски решенија кои задираат во правата на жените и родовата рамноправност задолжително да се разгледуваат од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите со гарантирано учество на експертите и граѓанските организации кои работат на овие прашања. При тоа, одлуките треба да се носат врз основа на аргументирани анализи и исцрпни дебати кои ќе водат кон најсоодветни законски решенија во корист на граѓанките и граѓаните, а соодветствуваат на комплексноста на материјата која ја регулираат законите.

Очекуваме дека овие наши барање ќе бидат земени предвид и Платформата за родова еднаквост како консултативен механизам со граѓанските организации ќе биде активно вклучена во расправите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и сите собраниски расправи поврзани со менување или носење на нови законски решенија и политики кои ги засегаат женските права и родовата рамноправност.

Со почит,

Платформа за родова еднаквост*

 

* Организации членки:

  1. Tiiiit! Inc.
  2. Бори се женски
  3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
  4. Здружение женски форум
  5. Здружение за еднакви можности Семпер
  6. Здружение за локален рурален развој
  7. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска
  8. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените
  9. Институтот за општествени и хуманистички науки
  10. Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
  11. ЛезФем
  12. Мрежа за заштита од дискриминација
  13. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
  14. Националниот совет за родова рамноправност
  15. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)
  16. Организација на жените на општина Свети Николе
  17. Организација на жените “Кумановка“
  18. Реактор – Истражување во акција
  19. ТАКТ
  20. Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
  21. Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
  22. Хуманитарно Здружение „Мајка“

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Истражување „Документирање на ефектот што регресивното македонско законодавство и ограничувачките политики за абортус го имаат врз човековите права: клучни наоди и препораки“

„Документирање на ефектот што регресивното македонско законодавство и ограничувачките политики за абортус го имаат врз човековите права: клучни наоди и препораки“ ги истражува ефектот и последиците од донесувањето на постојниот Закон за прекинување на бременоста во 2013 година, со кој се воведоа ограничувачки законски одредби и се отежна пристапот до безбеден и легален абортус во Македонија. Негативниот ефект на постојната законска регулатива […]

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за координатор/ка за млади

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за вработување на определено време за:  координатор/ка за млади Кандидатите/ките треба да ги исполнуваат следните услови:   Општи квалификации: Завршено високо образование Искуство во имплементација на проектни активности за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје Државјанство на Република Македонија Напредни вештини за информатичка технологија (Microsoft office, World press, платформи за […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia http://macedonia.nlembassy.org/ Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.