На крајот од 2016 година ХЕРА започна со нова програма за практиканти, која им е достапна на младите. Можноста да се биде практикант во ХЕРА отвори нови насоки во кои младите можат да се развиваат и да градат искуство преку вклучување во секојдневните активности на организацијата.
Младите кои се заинтересирани да станат практикант во ХЕРА треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Возраст од 18 – 25 години
- Има најмалку една година волонтерско или активистичко искуство во формално или неформално здружение на граѓани
- Во последните 2 години координирале или воделе одредена активност како волонтери или активисти
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик
- Изградени вештини за логистика
- Изградени вештини за информатичка технологија (Word, Excel, PowerPoint, WordPress, социјални медиуми)
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
Предност ќе имаат младите кои :
- Има поминато обука од областа на сексуалното и репродуктивно здравје и човековите права
- Поминале модул на сеопфатно сексуално образование
Практикантот/ката ќе биде одговорен/на да асистира и да стекнува искуство и знаења во имплементација на активности кои се однесуваат на младинската програма во ХЕРА. Практикантот/ката ќе волонтира на активности со цел зголемување на учеството на волонтерите во промоција на СРЗП и ССО како и зголемување на инволвираноста на волонтерите како едукатори за ССО. Практикантот/ката ќе подготвува редовни извештаи за спроведената работа пред координаторот на младинската програма.
Предвиденото време за волонтирање на практикантот/ката е секој работен ден од 08:30/9:30 до 12:30/13:30 или 12:30/13:30 – 16:30/17:30 часот. Вкупниот број на часови за волонтирање во неделата е 20 часа. Практикантот/ката добива нето месечен надоместок за трошоци за храна и превоз во износ од 4.654,00 денари.
Заинтересираните волонтери најдоцна до 11 јуни да испратат:
- кратка биографија во која ќе се наведат активностите кои ги имплементирале како волонтери или активисти, како и обуките кои ги поминале
- пополнет документ со име „Апликација за практикант во ХЕРА“, која може да ја најдете на овој линк
- индивидуална препорака од одговорно лице во здружението каде се остварило претходното волонтерско искуство
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e–mail адреса.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за практикант можете да ги доставите по електронска пошта: konkurs@hera.org.mk