Од 2009 година, ХЕРА Млади бара воведување на сеопфатното сексуално образование во училиштата. Последните истражувања покажуваат дека ССО функционира, а податоците од терен покажуваат дека потребата е огромна: зголемување на преваленцата на сексуално преносливи болести, недостиг на наставни програми и знаења за сексуалното и репродуктивното здравје, насилство во училиштата, широко распространети митови и стереотипи.
Токму затоа, ХЕРА Млади и извонредниот професор Огнен Јанески го спроведоа првиот Јавен час по сеопфатно сексуално образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Го одбележавме и Денот на Визија 2020, документ на Меѓународната федерација за планирано родителство со кој на меѓународно ниво се бара од владите да преземат мерки за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и права.