ССО, што?
- ССО е сеопфатно сексуално образование.
- ССО е континуиран процес на стекнување на знаења, развивање на вештини, ставови и вредности за идентитетот, врските и интимноста како и за сексуалноста воопшто.
- ССО го пренесува целосниот систем на вредности кои ќе им овозможат на децата и на младите да ги практикуваат своите сексуални и репродуктивни права и да донесуваат одлуки поврзани со нивната сексуалност и со нивното здравје.
- ССО не се однесува само на биолошките аспекти на сексуалноста, на превенцијата од болестите и од бременоста.
- ССО учи за когнитивниот, емоционалниот, социјалниот и физичкиот аспект на сексуалноста.
- ССО ги вклучува и сите културолошки, психо-социјални и емоционални аспекти на сексуалноста, односно задоволството и сексуалната различност како основа за една здрава и толерантна млада личност.
- ССО треба да им биде достапно на сите, но и да се прилагоди и да се структурира според возраста и степенот на развој кај децата и младите.
- ССО промовира родова рамноправност, се базира на човековите права и ги препознава различностите.
- Компоненти на ССО се: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, врски и односи, насилство и различност.
Што ќе ни ССО?
- ССО постепено ги подготвува и оспособува децата и младите луѓе со информации, вештини и позитивни вредности за да ја разберат и да уживаат во својата сексуалност, да имаат безбедни и задоволувачки односи и да преземат одговорност за сопственото, како и на другите луѓе, сексуално здравје и благосостојба.
- ССО придонесува кон тоа младите да направат избор кој ќе го подобри квалитетот на нивните животи, но и цели кон подобро и праведно општество.
- ССО информира за видовите и употребата на контрацепција и предонесува за зголемување на употребата на контрацепцијата и на кондомот кај сексуално активните адолесценти.
- ССО води кон унапредување на нивното сексуално и репродуктивно здравје, здравјето воопшто, како и поодговорно сексуално однесување понатаму во животот.
- ССО придонесува за зголемување на способноста за носење на информирани одлуки и намалување на предрасудите.
- ССО води кон развивање на позитивни ставови и вредности.
- ССО во својот развој ги вклучува младите, родителите, наставниците, граѓанскиот сектор и експертите со различни профили од областа на природните, општествените и хуманистичките науки.
ССО во РМ
- ССО е препознаено од институциите во РМ.
- ССО е препорачано во следниве национални документи:
- Национална стратегија за сексуално и репродуктивно здравје (2010-2016)
- Национална стратегија за безбедно мајчинство, 2010-2015
- Националната стратегија за ХИВ/СИДА, 2012-2016
- Препораките на Рамката за сеопфатно сексуално образование од 2010
- Заклучоците на Комисијата за еднакви можности за пилотирање на сексуално образование и евалуација на предметот животни вештини од 2009 и 2011 година
- Националната стратегија за млади на Република Македонија, 2005-2015
- Националната стратегија за млади на Република Македонија, 2016-2025
- Препораки кон Република Македонија од Комитетот на ОН за економски, социјални и културни права од 2016 година.