Во отсуство на адаптирани и приспособени едукативни материјали, повеќето од лицата со оштетен вид и слух бараат информации за сексуалното и репродуктивното здравје и за родово базираното насилство на интернет. Како последица, над 40 % од овие граѓани не можат брзо и едноставно да пристапат до здравствените услуги и до сервисите за заштита од родово базираното насилство.
Сакајќи да ги направиме информациите за сексуалното и репродуктивното здравје подостапни за нив, брошурата „Што треба да знаете за сексуално преносливите инфекции“ ја подготвивме и на знаковен јазик.
Брошурата дава информации за симптомите на различните сексуално преносливи инфекции, за начинот на тестирање и за локациите каде што може да се направи бесплатно и доверливо тестирање за СПИ.