Една од поважните одлуки поврзани со сексуалното здравје е семејното планирање, односно одбирањето на контрацептивен метод кој е соодветен за вашата ситуација и стил на живот. Кога зборуваме за контрацепција, мислиме на различните методи/средства кои се користат за да се спречи непланирана бременост.
Токму затоа, изработивме брошура за методите на контрацепција која информира како да се заштитиме од непланирана бременост, но и од сексуално преносливи инфекции (СПИ). Во неа се сумирани сите контрацептивни методи – и модерните и традиционалните – со информации за нивните предности и недостатоци, како и за нивната достапност во земјата.
Имајќи предвид дека ваквите информации се речиси недостапни за луѓето со попреченост кај нас, оваа брошура ја адаптиравме и приспособивме во лесно разбирлив формат и ја преведовме на знаковен јазик.
Брошурата во лесно разбирлив формат е достапна тука, а на знаковен јазик во продолжение: