Годинава ја заокружуваме со осмото издание на Билтенот за семејно планирање, кое му го посветивме на платеното породилно отсуство како една од особено важните политики што имаат голем потенцијал да придонесат кон унапредување на здравјето на мајките и на новороденчињата.
Низ интервјуа со активистки и универзитетски професорки ги согледуваме придобивките што ги носи породилното отсуство и суштинската разлика помеѓу породилното и родителското отсуство и разговараме за потребата од измени и унапредување на соодветните закони согласно европската регулатива. Како и досегашните броеви, така и овој содржи видувања и препораки коишто се надеваме дека пратениците и пратеничките ќе ги земат предвид при следните иницијативи во Собранието за унапредување на законите и мерките за платеното породилно отсуство.
Билтенот е достапен на македонски и албански јазик.