Во овој број на Билтенот за семејно планирање, правиме анализи на три важни закони за заштита на човековите права на жените и на маргинализираните групи. Се осврнуваме на потребата од измени на Законот на прекинување на бременоста и враќање на правата што жените во Македонија ги стекнаа пред 40 години. Зборуваме и за предизвиците со кои се соочува Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, за потребата од експлицитна заштита од дискриминација на ЛГБТИ лицата и на крај, правиме анализа на членот 205 од Кривичниот законик.
Со ова издание на Билтенот сакаме да понудиме стручни анализи и решенија на овие Закони, кои идните донесувачи на одлуки и парламентарци би ги земале предвид, со цел подобрување на законите, политиките и благосостојбата на граѓаните.
Билтенот е достапен на македонски и на албански јазик.