Со осврт на оралната контрацепција
Извештај од адаптирана проценка на здравствени технологии
Употребата на модерна контрацепција претставува клучен елемент за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и за постигнување универзална здравствена заштита. Сепак, во Северна Македонија опфатот со современи контрацептивни методи е меѓу најниските во Европа, а трошоците за нив најчесто целосно ги сносат жените, што создава значителни финансиски бариери и придонесува за висок удел на приватни здравствени трошоци.
Употребата на модерните контрацептивни методи има бројни здравствени и општествени придобивки, вклучително и намалување на несаканите бремености, подобрување на квалитетот на животот и зголемување на економската и социјалната вклученост на жените.
Документот укажува дека ограничениот пристап до контрацепција е резултат не само на индивидуални избори, туку и на системски, економски и политички фактори. Затоа, се препорачува воведување на механизми за финансиска достапност, особено за младите и ранливите групи, како и обезбедување квалитетно советување и едукација базирана на докази.
Анализата е достапна на македонски јазик.
