Од 65,360 милиони денари, колку што изнесува буџетот за Програмата за партиципација за 2024 година, само 10 милиони денари се алоцирани за партиципација за породување
и партиципација за специјалистичко-консултативно и болничко лекување на доенчиња. Притоа за родилки единствено е вклучена партиципација за породување (6 милиони денари), додека за доенчињата се покриени специјалистички лекарски прегледи на доенчиња; ортопедски лекарски преглед со ЕХО преглед на доенчиња и лекување на доенчиња до една година во болнички услови (4 милиони денари). Министерството за здравство во самото планирање не обезбедува доволно средства за плаќање на партиципација за сите породувања. Во Програмата за 2023 година и за 2024 година обезбедени се 6 милиони денари, односно средства за покривање на партиципација за само 2.850 жени.
Преземете анализата на македонски јазик.
Истата е достапна и на албански јазик.
