Пред Вас е нашиот Осврт кон проширувањето на Европската Унија за 2022 година, со фокус на репродуктивното здравје и социјалната благосостојба на Ромите во Македонија.
Намалувањето на средствата за превентивна здравствена заштита за општествено исклучените групи на граѓани, недостигот на систем на поддршка за жртвите на семејно насилство и покрај растечкиот број на вакви случаи, порастот на стапката на невработеност и недвосмислената системска дискриминација се појдовните показатели за пречките со кои Ромите во земјава секојдневно се соочуваат во пристапот до услуги за репродуктивно здравје и социјална заштита.
Покрај тоа што го сумира јазот во давањето услуги и политичката и правна работна рамка кои влијаат на здравствениот и социјалниот статус на Ромките во Македонија, овој документ дава и препораки за подобрување на политиките за да може вистински да се интегрираат Ромите во македонското општество и да го уживаат својот социјален статус исто како и другите граѓани во земјата.
Освртот кон проширувањето на ЕУ за 2022 година, со фокус на репродуктивното здравје и социјалната благосостојба на Ромите е достапен на македонски и на англиски јазик.