24.11.2017

Повик за учество на викенд-обука од областа на сеопфатното сексуално образование

Во рамки на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објавува повик за учество на обука од областа на ССО.

Обуката опфаќа:

  • Дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност. 
  • Обуката ви носи и можност по нејзиното поминување да станете дел од тимот на волонтери ХЕРАМлади.

Обуката ќе се одржи на 2 и 3 декември 2017 година во Скопје од 9 до 16 часот. Учесниците кои ќе ја поминат, ќе добијат сертификат. Обуката е бесплатна: сите трошоци, освен за пат и сместување, ќе бидат покриени од страна на ХЕРА.

Ги покануваме сите млади кои:

  • се на возраст од 14 до 18 години,
  • сакаат да добијат информации во врска со сексуалното и репродуктивно здравје и права,
  • се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА,
  • сакаат да работат во тим и знаат да исполнуваат задачи навреме.

Заинтересираните, најдоцна до 30 ноември 2017 година, треба да испратат:

  • Пополнета пријава за присуство на врсничката едукација

Бројот на учесници е ограничен. Ве молиме да наведете телефон и е-адреса за контакт.

Документите со назнака на пораката Повик за обука од областа на ССО можете да ги доставите на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Првиот семеен центар на Град Скопје бара психотерапевт(к)и

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање  психотерапевт(к)и како даватели на услуги во Првиот семеен центар на Град Скопје за привремен ангажман, односно советување на деца-жртви на семејно насилство и интервенции фокусирани на траума или деца.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.