Социјалното претприемништво во Македонија сѐ повеќе се гледа како алтернативен и иновативен модел за промоција на социјалната инклузија, ресоцијализацијата, интеграцијата на пазарот на трудот и вработувањето за лицата од ранливите групи граѓани.
Имајќи ја предвид оскудната литература за социјално претприемништво кај нас наспроти нагорниот тренд на невладини организации кои отпочнуваат да основаат социјални бизниси, па дури и да вршат преку нив активна едукација за развој на социјалната економија и социјалното претприемништво, ова истражување дава податоци и насоки во кои индустрии би требало понатаму да се развиваат социјалните претпријатија за да можат да одговорат на побарувачката на локалниот пазар и да придонесат кон одржливиот развој на земјата.
Анализата е достапна на македонски и англиски јазик.