Визија 2020 преставува еден нов импулс во работењето на Meѓународната федерација за планирано родителство и сите нејзини организации членки ширум светот. Оваа визија е резултат на секојдневната работа на организациите од 179 земји во светот, организации кои се дел од ова глобално семејство. Визија 2020 не преставува ништо друго туку поглед кон иднината за тоа како да постигнеме благосостојба и напредок за сите луѓе, а тоа е неможно без унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и права. Денес сите ние се соочуваме со многу предизвици и на глобално и на локално ниво, а токму Визија 2020 дава јасни насоки за тоа како да се надминат овие предизвици и бариери и да се изгради еден праведен свет во кој што ќе бидат почитувани правата на сите. Со други зборови, препораките истакнати во овој текст преставуваат опипливи насоки како политиките да се претворат во пракса, односно што секоја влада мора да стори за се унапреди сексуалниот и репродуктивниот живот на граѓаните и да се оствари социјална правда за сите.
ХЕРА секојдневно работи на унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права и затоа целосно ја препорачува Визија 2020 како документ што може да се искористи за подобрување на состојбите во Македонија.
За да ги поддржите овие напори, прочитајте ја Визија 2020 и инфомирајте се што може да сторите и да помогнете кон нејзиното остварување преку вашата работа, споделете ги овие информации преку социјалните мрежи (Facebook, Twitter, Youtube) или пак контакрирајте не на hera@hera.org.mk со вашите препораки и идеи. Затоа што сите можеме да направиме барем мал придонес кон остварување на сексуалното и репродутивното здравје.