1. Што сме постигнале досега:
- Формирање на младинска група, ХЕРА Млади, чија цел е преку активен придонес и врсничка едукација да се подобрат сексуалното и репродуктивно здравје и права на младите во Македонија. Над 30 млади на возраст од 16-25 години активно волонтираат во ХЕРА Млади.
- Емисија Секси Маало – од 2011 на Радио МОФ, секоја втора среда се емитува Секси Маало, емисија која е целосно подготвена и реализирана од тимот на ХЕРА Млади. Идејата е да се разговара на темите кои се исклучително важни за младите, да се скршат табуата и предрасудите, особено оние поврзани со сите аспекти на сексуалноста.
- ХЕРА Млади од 2013 година ја одбележува Визија2020 на МФПР, како дел од глобалната цел за достигнување на одржлив развој и еднкавост, чија главна компонента се сексуалните и репродуктивни права и здравје.
- Мобилизација на 48 граѓански здруженија кои потпишаа петиција до Министерот за образование и наука за воведување на сеопфатно сексуално образование (ССО)
- Подготовка на Прирачник за врснички едукатори во чија изработка беа вклучени врсничките едукатори од ХЕРА Млади. Целта на прирачникот е да биде водич за сите оние кои се занимаваат со врсничка едукација од областа на СРЗП
- Врсничка едукација за Сеопфатно сексуално образование – од 2015 година, над 20 едукатори беа сертифицирани за имплементација на новата програма за Сеопфатно сексуално образование во училиштата.
- Над 100 ученици од средните училишта во Скопје (2015-2016) беа опфатени со програмата за врсничка едукација и ги поминаа работилниците кои ги опфаќаат сите 7 компоненти на сеопфатното сексуалното образование: род, сексуално и репродуктивно здравје, насилство, врски и односи, задоволство, граѓански аспекти и различност
- Спроведена евалуација на ССО програмата која потврди дека ССО функционира и резултира со позитивна промена на ставовите и нивото на информираност на учениците
- Јавен час по ССО (мај 2016) одржан на Филозофскиот факултет на кој универзитетски професори, студенти, ученици и јавни личности одблиску се запознаа и дискутираа за ССО и неговите 7 компоненти
2.Партнери
- Меѓународна федерација за планирано родителство
- Младинска платформа за ССО во која покрај ХЕРА членуваат: НМСМ, ЈЕФ; ХОПС, МОФ, Y-PEER, Младите можат, Сенки и облаци и Излез.
- Y-SAFE – Младинската група на меѓународната федерација за планирано родителство (Анг)
- ASTRA Youth – Неформална група на млади активисти за сексуално и репродукстивно здравје и права од Централна, Источна Европа и Балкан.
3. Лице за контакт
Мери Цветковска
meri.cvetkovska@hera.org.mk
Доколку сте заинтересирани да станете дел од ХЕРА Млади, пополнете ја нашата пристапница и испратете ја кај лицето за контакт.