02.04.2018

Прирачник за развивање на комуникациски вештини кај здравствените работници

Поттикнати од фактот дека комуникацијата е темел на здравствената грижа, а комуникациските бариери клучен предизвик при остварувањето на здравствените права на Ром(к)ите, заедно со Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет – Скопје изготвивме прирачник кој треба да ја подобри комуникацијата и нивото на соработка меѓу здравствените работници и Ромите како приматели на здравствени услуги.

Преку модулите во прирачникот, здравствените работници можат да се запознаат со културолошките навики и со традиционалните практики на ромското население и со начините на кои можат да ја подобрат својата комуникација и соработка со пациентите, што директно влијае врз пристапот и квалитетот на понудените здравствени услуги, како и врз довербата меѓу  нив и пациентите.

Прирачникот за здравствените работници е достапен на овој линк.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за социјален/на работник/чка

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање социјален/на работник/чка во Младинскиот центар „Сакам да знам“ во Шуто Оризари за периодот август – декември 2018 година.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.