ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање социјален/на работник/чка на определено време во Првиот семеен центар на Град Скопје.
Ве охрабруваме да се пријавите доколку:
- имате универзитетска диплома од областа на социјалната работа/социјалната политика
- имате најмалку две години работно искуство со жртви на семејно насилство/деца жртви на злоупотреба/сторители на семејно насилство
- знаете англиски јазик
- знаете да работите со компјутери (Microsoft Word, Excel, Power Point, Internet)
- сте државјанин/ка на Република Македонија
Предност ќе имаат кандидат(к)ите кои:
- завршиле постдипломски студии
- стекнале најмалку три години искуство во граѓанскиот сектор
- стекнале практично искуство во сервис наменет за жртви на семејно насилство (вклучително и деца)
- имаат способности за организација и комуникација
- изградиле способности за тимска работа
- се максимално посветени кон работата
- се динамични, амбициозни и самоиницијативни
Најдоцна до 17.00 часот на 22 април 2018 година (недела), заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- скенирана копија од дипломата за завршено образование
- кратка биографија
- писмо за мотивација
- најмалку една препорака од претходните работни места
ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидат(к)и ќе имаат еднакви услови без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Сите кандидат(к)и кои ќе ги достават бараните документи и кои ќе влезат во потесниот избор, ќе поминат обука по што ќе биде направен конечниот избор за ова работно место. Ве молиме да наведете телефон и е-пошта за контакт. Кандидат(к)ите ќе бидат известени за резултатите по електронски пат 7 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за социјален работник/чка во Првиот семеен центар на Град Скопје можете да ги доставите на следниов начин:
- Електронски: konkurs@hera.org.mk
- По факс на: 02 55 6 002
- По пошта: ХЕРА, ул. „Франклин Рузвелт“ бр. 51а/26, 1000 Скопје