ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање психотерапевт(к)и како даватели на услуги во Првиот семеен центар на Град Скопје за привремен ангажман, односно советување на деца-жртви на семејно насилство и интервенции фокусирани на траума или деца.
Ве охрабруваме да се пријавите доколку сте:
- дипломиран психолог или специјалист по психијатрија
- имате поминато најмалку 500 часа едукација по психотерапија
- имате изградено способности за тимска работа
- имате изградени комуникациски способности
- сте максимално посветени кон работата
- сте државјанин/ка на Република Македонија
Предност ќе имаат кандидат(к)ите кои:
- имаат сертификат за успешно завршена обука за работа со една од следните категории: жртви на семејно насилство и интервенции фокусирани на траума или деца (терапија преку игра)
- стекнале искуство во работа со жени и деца-жртви на семејно насилство
- имаат искуство во граѓанскиот сектор
Најдоцна до 17.00 часот на 22 април 2018 (недела), заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- електронска (скенирана) копија од диплома за завршено образование
- сертификат за терапевт или сертификат/потврда за поминати најмалку 500 часа едукација по психотерапија
- кратка биографија
- писмо за мотивација
- една препорака од претходните ангажмани како психотерапевт или од институцијата каде е завршена соодветната обука
ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидат(к)и ќе имаат еднакви услови без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Сите кандидати кои ќе ги достават бараните документи и кои ќе влезат во потесниот избор, ќе поминат обука по што ќе биде направен конечниот избор за ова работно место. Ве молиме да наведете телефон и е-пошта за контакт. Кандидат(к)ите ќе бидат известени за резултатите по електронски пат 7 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за психотерапевт(к)и во Првиот семеен центар на Град Скопје можете да ги доставите на следниов начин:
- Електронски: konkurs@hera.org.mk
- По факс на: 02 55 6 002
- По пошта: ХЕРА, ул. „Франклин Рузвелт“ бр. 51а/26, 1000 Скопје