„Нега Плус“ e социјално претпријатие кое нуди професионална грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови, основано во рамки на Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
За потребите на „Нега Плус“, објавуваме повик за ангажирање:
- Две сертифицирани негувателки за нега и грижа на стари лица во домашни услови;
- Две жени за одржување и помош во домот .
Сите кандидатки кои се заинтересирани да станат дел од „Нега Плус“, најдоцна до 15 април 2018 година (недела) треба да се пријават се на 070 299 026 или на negaplus@hera.org.mk со назнака за кој ангажман аплицираат, да остават телефон за контакт и да наведат претходно искуство во нега и грижа на стари лица, доколку имаат. Оние кои се пријавуваат за негувателки, ќе треба да приложат и сертификат (оригинал или копија) за помината обука за нега на стари лица.
Особено ги охрабруваме да се пријават жените кои имаат статус на долгорочно невработени или кои припаѓаат на ромската етничка заедница.