Здружение Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во рамки на проектот „Унапредување на репродуктивното здравје на Ромките од Шуто Оризари и на други ранливи групи“, поддржан од Фондацијата отворено општество – Македонија, објавува повик за хонорарно ангажирање на правен советник.
1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
– Диплома од правен факултет
– Најмалку двегодишно работно искуство во нудење на правна помош на ранливи групи граѓани
– Познавање на националните и меѓународните механизми за заштита на човекови права и заштита од дискриминација
– Изградени вештини за информатичка технологија (Microsoft Office)
– Одлични познавања на македонски и англиски јазик
– Самоиницијативност
– Насоченост кон навремено исполнување на предвидените активности
За предност ќе се смета:
– Положен правосуден испит
– Работно искуство во граѓански сектор
– Работно искуство во обезбедување на правна помош на Роми и Ромки
2.Опис на ангажманот:
Ангажираниот или ангажираната ќе биде одговорна/ен за документирање на случаи на прекршување на човекови права (здравствени, социјални, репродуктивни права) и дискриминација на претставници на ромската заедница во Шуто Оризари. Дополнително ќе изготвува и проследува правни акти до надлежните институции.
Ангажманот трае до 31 декември 2017 година и за истиот е предвиден надомест од 23.480,00 денари месечно, во БРУТО износ (со вклучен персонален данок на доход).
Најдоцна до 05 март 2017 година заинтересираните кандидати треба да достават:
– детална биографија
– писмо за мотивација
–препорака од претходните работни места кои потврдуваат искуство во обезбедување на правна помош на ранливи групи граѓани
Кандидатите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e–mail адреса.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за правен советник можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. „Дебарца“ бр. 56/1-4, Скопје, со назнака: конкурс за правен советник