Повикот за сите три позиции е продолжен до 03 март 2017 (крај на ден)
За потребите на проектот „Зајакнување на Ромките преку основање на социјално претпријатие“, поддржан од Европска Унија во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 „Социјална инклузија и вработување на локално ниво“ од Инструментот за пред-пристапна помош, ХЕРА објавува повик за избор на тројца консултанти за следните позиции:
– Консултант за изготвување на Стратегија за социјални иновации – социјални претпријатија со развој на алатка за микро-финансирање (целиот повик тука)
– Консултант за проценка на потребите и истражување на пазарот на трудот за воспоставување на потенцијални социјални претпријатија за вработување на жените Ромки (целиот повик тука)
– Консултант за изготвување на Водич за социјално претприемништво (целиот повик тука)