ХЕРА е една од 12-те организации кои добија поддршка од Civica Mobilitas програмата во третиот и последен повик за институционални грантови.
Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество која започна да се спроведува во октомври 2014 година и ќе трае до септември 2018 година. Програмата го поддржува граѓанското општество во промовирање општествени промени во (стратешки) области, како што се добро владеење, децентрализација и развој на граѓанското општество. Исто така, се поддржува граѓанското општество и во упатувањето на три „трансверзални теми“: родовите прашања, меѓуетничките односи и миграциите.
Во рамки на институционалниот грант, ХЕРА предвидува низа на активности кои имаат за цел зајакнување на капацитетите на организацијата и организациски развој, подобрување на соработката со конституентите и сите чинители на општеството, и кроење на активностите според потребите на конституентите, во согласност со променливиот социо-културен и политички контекст.