ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува оглас за вработување психолог во Првиот семеен центар на Град Скопје во Скопје, на определено време за период од 1 јануари до 31 декември 2021 година, со можност за продолжување на работниот ангажман.
Опис на ангажман
Психологот во Првиот семеен центар (ПСЦ) е одговорен за следните работни задачи:
- врши интервјуа при прием на клиенти со цел собирање основни демографски информации, информации за проблемот, факторите кои придонеле за проблемот, перцепција за помошта која се бара, врз основа на што прави проценка и го одредува критериумот за вклучување на клиентите во програмата на ПСЦ;
- отвора и води досие за корисникот/-чката и друг/-и член/-ови на семејството/партнерството и го раководи случајот на корисникот/-чката кои добиваат услуги во ПСЦ;
- учествува на состаноците за интервизија со останатите даватели на услуги од ПСЦ, организира теренска работа и придружува клиенти до институциите и организациите кога тоа е потребно за клиентите;
- соработува со граѓанските организации и државните институции со кои ХЕРА има потпишано Меморандум на соработка за препраќање на клиенти во ПСЦ, но и со потенцијалните идни соработници од граѓанскиот и државниот сектор, според потребите на корисниците на сервисот;
- во координација со менаџерката учествува во подготовката на наративни извештаи за активностите на ПСЦ и спроведување на проектните и стратегиски индикатори на организацијата;
- учествува во внесот на податоци во базата на податоци на ХЕРА и во анализа поврзана со дадените услуги и опфатот на клиенти во сервисот;
- учествува во администрирање на промотивната страна за ПСЦ на социјалните медиуми и учествува во промоција на сервисот;
- учествува во иницијативи на организацијата од областа на родово базираното и на семејното насилство, по проценка и координација со супервизорот/-ката и програмската директорка.
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование,
- Најмалку 2 годишно професионално искуство во работа со жртви/преживеани на родово базирано и семејно насилство,
- Солидни познавања на закони, политики и програми поврзани со родово базираното и семејното насилство,
- Основни познавања на Microsoft office,
- Солидни познавања на англискиот јазик,
- Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување,
- Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност,
- Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани.
За предност ќе се смета:
- Работно искуство во граѓанскиот сектор,
- Повеќегодишно работно искуство на спроведување програми поврзани со родово засновано и семејно насилство и/или
- Искуство во работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани.
Основната бруто плата изнесува 34.155,00 денари, со платено здравствено, пензиско и социјално осигурување. Работното време е 35 часа во неделата.
Најдоцна до 16 декември 2020 година, до 17 часот, заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Биографија на македонски јазик,
- Писмо за мотивација на македонски јазик,
- Потврда за завршено високо образование и
- Една препорака од претходните работни места.
Во биографијата потребно е да бидат наведени референци и контакт-податоци од раководните лица во однос на претходното работното искуство. Ве молиме во апликацијата да наведете и телефон и електронска адреса за контакт.
Документите со назнака/предмет на пораката Оглас за вработување на психолог во ПСЦ, треба да ги доставите на електронска адреса: konkurs@hera.org.mк
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на огласот. Во зависност од изборот, организација може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост, нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус, бременост или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.