Каков треба да биде националниот одговор кон ХИВ, по заминување на Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија по преземањето на финансиските обврски од страна на државата?
Овој темелен документ прави анализа и дава осврт токму на процесот на транзиција, од надворешно финансирање кон одржливо и организирано национално делување, и ги сумира главните предизвици и формулира препораки за итно делување, поаѓајќи од специфичниот епидемиолошки контекст во Македонија.
Со цел да се задржи ниската преваленца дури и кај популациите што се изложени на најголем ризик од ХИВ, нешто што Република Македонија во партнерство со граѓанските организации успешно го спроведуваше 13 години, оваа анализа ги детектира клучните чекори и предизвици во спроведувањето на националниот план за транзиција и дава насоки за делување и препораки до клучните актери: Министерството за здравство, Собранието на РМ и Глобалниот фонд, техничките партнери и граѓанските организации.
Публикацијата на македонски јазик може да ја преземете тука.