ДАЛИ ПРЕВЕНЦИЈАТА Е ПРИОРИТЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА?
Македонија за да обезбеди поздраво општество, глобално поконкурентна работна сила, пониски трошоци за здравство, посилен економски развој и повисоко ниво на еднакви можности за секого, треба да инвестира во повисоко ниво на превентивна заштита.
Иако од година во година буџетот на Министерството за здравство и буџетот за превентивни програми во апсолутни вредности растат, сепак во релативни вредности во однос на Буџетот на државата постојано се намалуваат. Што укажува дека ниту здравството, ниту превенцијата како сегмент од здравството, не претставуваат приоритет на Македонија (исклучок е 2021 година заради КОВИД вакцинацијата) и државата не ги алоцира максимално расположливите средства за спречување на појавата на заболувањата. Тоа значи дека државата нема проактивен однос кон потребите и заложбите за превенцијата како најдобра инвестиција за здрава популација.
Преземете ја целата анализа на следниот линк