Заедно со Коалицијата „Маргини“ и со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, ја започнавме кампањата за заштита од дискриминација врз сите основи, вклучувајќи ги и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. „Ако е вообичаено, не значи дека е праведно. Три пати мери, еднаш сечи, но никогаш не дискриминирај!“ е пораката што ја пренесовме и на тркалезните маси во Штип, Струмица, Куманово, Битола и Тетово.