Од 10ти до 13ти јули во Маврово се одржа првата обука за сеопфатно сексуално образование за млади од партнерски граѓански организации. Триесетина млади, од Центарот за рурален развој „Бујрум“ – Куманово, Здружението „Родова перспектива“ – Струмица, Центарот за едукација и развој (ЦЕД) – Теарце, Едукативната хуманитарна организација (ЕХО) – Штип, Центарот за оддржлив развој на заедницата Дебар, и млади кои се пријавија на отворениот повик, ги поминаа сите 7 компоненти на ССО. Водени од врсничките едукатори на ХЕРА, преку интерактивни предавања, младите имаа можност да добијат релевантни, актуелни и базирани на факти податоци за род, ХИВ, сексуално преносливи инфекции, контрацепција, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност.
Во отсуство на сеопфатен пристап во формалното образование кој ќе им овозможи на младите да ги добиваат потребните информации за заштита на своето сексуално и репродуктивно здравје и права, целта е со овие обуки да придонесеме кон поголема информираност и развивање на вештини, ставови и вредности кои ќе им овозможат на младите да донесуваат информирани одлуки поврзани со нивната сексуалност и со нивното здравје.
Оваа обука беше овозможена преку финансиската поддршка од програмата Цивика Мобилитас и од МФПР (IPPF EN).