На 13-ти декември (четврток) ќе се оддржи Јавната расправа којашто ја организираат Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите, Комисијата за здравство, ХЕРА и работната група на лица што живеат со ХИВ Заедно посилни во соработка со Националниот демократски институт. Јавната расправа ќе започне во 10:00 часот, во Салата на Комисијата за уставни прашања, во Собранието на Република Македонија.
Расправата беше првично закажана за 29 ноември, но поради технички причини во Собранието на Република Македонија беше одложена за месец декември,
Целта на расправата е претставниците од одговорните институции, стручната јавност, граѓанскиот сектор и пратениците во Собранието да придонесат кон подобрување на грижата и третманот за ХИВ за лицата што живеат со ХИВ во Република Македонија.