Дали сте граѓанска организација која работи во областа на родовата еднаквост?
Истовремено можеби имате идеја за мала акција или интервенција со која може да се одговори на некој клучен недостиг во областа? И сакате да придонесете за намалување на одредена тековна родова нееднаквост? Да промовирате одредено прашање или да се унапреди родовата еднаквост во определен сегмент? И клучно да повлијаете на одреден начин за да се креира култура на родова еднаквост и социјална правда?
Во ваков случај имате можност да се пријавите на Јавниот повик за ДОДЕЛУВАЊЕ МАЛИ ГРАНТОВИ ЗА ПРОМОЦИЈА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ во ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. За да може заедно да станеме дел од тимот кој оди напред и придонесува за создавање на едно инклузивно и еднакво општество за сите!
Повикот, потребните документи за аплицирање и буџетот, како и подетално упатство за аплицирање се достапни во електронска форма на веб-страницата на ХЕРА и може да се преземат од www.hera.org.mk.
Една граѓанска организација може да се пријави на повикот само еднаш – како апликант или ко-апликант, но не истовремено во двете улоги. За селектираните апликации ќе се обезбедат финансиски средства во вид на мали грантови во висина помеѓу 288.000 до 576.000 МКД. Вкупната буџетирана сума на располагање за мали грантови изнесува 24.000 британски фунти (17.280.000 МКД), со намера да бидат распределени на 3-6 гранта преку овој повик. Средствата се обезбедени од Британска амбасада Скопје.
Институција која огласува: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во рамки на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, поддржан од страна на Британска амбасада Скопје.
Рок на пријавување: 15.10.2024 година до 16 часот
Период на спроведување: Периодот за имплементацијата на мали грантови доделени во рамки на овој повик е минимум 3 до максимум 5 месеци (ноември 2024 до март 2025). Периодот на имплементација ќе биде прецизно дефиниран во договорот за грант со секој од одобрените проекти.
Контакт: Дополнителни прашања поврзани со повикот можат да се постават на е-маил: gordana.veljanovska@hera.org.mk со назнака: „Прашање за Повик за доделување грантови“ најдоцна до 30.09.2024 година до 16 часот. Одговорите ќе бидат обезбедени ро рок од два работни дена од добивањето на прашањето на е-маил и ќе бидат јавно објавени на веб-страницата на ХЕРА најдоцна до 03.10.2024.
Преземи документи за апликација
Прашања доставени по јавниот повик