Сексуалните права се универзални човекови права засновани на вродената слобода, достоинството и еднаквоста на сите човечки суштества. За потполно уживање на овие права, сите луѓе треба, меѓудругото, да имаат пристап до информации и пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ). Но, ова како да не важи за лицата со попреченост во Македонија. Токму затоа, заедно со Платформата за унапредување на СРЗП на лицата со попреченост потсетуваме дека „Имаме права, како и сите!“.