По трет пат се приклучуваме на Европската недела на ХИВ тестирање која годинава се случува од 18 до 25 ноември под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“. Повеќе од 500 организации од 50 европски држави учествуваат во активностите на Европската недела на тестирање чија цел е преку обединета акција да се зголеми свеста за придобивките од тестирањето за ХИВ, што ќе овозможи што повеќе луѓе да добијат информации за превенцијата на ХИВ, да се тестираат и да го дознаат својот ХИВ статус и да им биде овозможен пристап до терапија, грижа и поддршка.