1. Договорен орган
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
Адреса: ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје
Телефон: 02/3290 395
Е-пошта: konkurs@hera.org.mk
2. Предмет на договорот за ангажман
Ангажирање на ревизорска куќа за спроведување на финансиска ревизија за потребите на проектот „Јавното здравје и ранливите популации – унапредување на здравствената заштита“. Ревизијата ќе опфати два одделни ревизорски извештаи:
– Првиот за периодот од 01.12.2023 до 31.12.2025 година,
– Вториот за период 01.01.2026 до 31.05.2026 година.
Проектот има вкупен буџет од 13.905.023,00 денари и се имплементира во партнерство со четири организации со седиште во Скопје.
3. Рок за извршување на услугата
Ревизијата треба да биде спроведена и доставена во согласност со договорените рокови:
– Првиот извештај за периодот 01.12.2023 до 31.12.2025 година, најдоцна до 28 февруари 2026 година,
– Вториот извештај за период 01.01.2026 до 31.05.2026 година, најдоцна до 30 јуни 2026 година.
4. Начин на плаќање
Начинот на плаќање ќе биде прецизно дефиниран во договорот што ќе се склучи со правниот субјект / ревизорската куќа која ке биде избрана за спроведување на ревизијата.Исплатата ќе се врши согласно динамиката и условите договорени меѓу двете страни, во согласност со доставената финансиска понуда и реализираните активности.
5. Право на учество
Право да достават понуда имаат сите правни лица, ревизорски куќи регистрирани за вршење ревизорски услуги согласно важечката регулатива во Република Северна Македонија кои се на Топ 20 листата на ревизорски куќи одобрени од Меѓународната Федерација за Планирано Родителство.
6. Критериуми за избор и оценување на понудите
Понудите ќе се оценуваат според следниве критериуми:
– Докажано искуство во извршување на ревизии на проекти финансирани од меѓународни донатори – 10 поени;
– Референтна листа на најмалку три слични ревизии спроведени во граѓанскиот сектор – 10 поени;
– Финансиска понуда – 80 поени.
7. Начин и форма на понудата
Понудата треба да содржи:
– Образец на понуда (Прилог 1);
– Кратко портфолио на ревизорската куќа со релевантни искуства (Прилог 2);
– Изјава за исполнување на критериумите за лична состојба (Прилог 3);
– Тековна состојба не постара од 6 месеци.
Сите понуди треба да бидат подготвени на македонски јазик и изразени во денари.
8. Рок и начин за доставување на понудите
Краен рок за доставување на понудите е 24.10.2025 година до 16:00 часот.
Понудите се доставуваат:
– по електронски пат на konkurs@hera.org.mk со наслов: „Понуда за ревизорски услуги за проектот ‘Јавното здравје и ранливите популации’“, или
– по пошта на адресата на ХЕРА: ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје.
Понудите поднесени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
9. Известување за избор
Сите понудувачи ќе бидат известени по електронски пат за резултатите од повикот во рок од 3 дена по донесувањето на одлуката за избор на најповолен понудувач.
10. Дополнителни информации
За сите прашања поврзани со јавниот повик, заинтересираните можат да се обратат на konkurs@hera.org.mk.
