Публикацијата „Обезбедување на антиретровирусни лекови за пациентите со ХИВ“ со осврт на првата повеќегодишна јавна набавка спроведена во 2025 година, се фокусира на едно од клучните прашања за одржливоста на одговорот на ХИВ во Северна Македонија – континуираниот и навремен пристап до терапија за лицата што живеат со ХИВ. Документот дава преглед на националниот систем за набавка и финансирање на антиретровирусни лекови и укажува на ризиците што произлегуваат од краткорочното планирање и доцнењето во јавните наба.
Анализата покажува дека и покрај добрите резултати во третманот и вирусната супресија, честите неизвесности околу набавката на терапијата создаваат сериозен притисок врз пациентите и здравствениот систем. Недостатокот на долгорочни решенија и стабилни механизми за обезбедување на лековите може директно да го загрози здравјето на лицата што живеат со ХИВ и да ги поткопа постигнатите јавно-здравствени резултати.
Публикацијата нагласува дека навременото планирање, транспарентните постапки и обезбедувањето повеќегодишни набавки на антиретровирусна терапија не се само финансиско, туку и јавно-здравствено прашање. Преку конкретни наоди и препораки, документот повикува на системски пристап кој ќе обезбеди сигурност, континуитет и достоинствен третман за сите пациенти со ХИВ.
Документот е резултат на заедничка работа на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни и Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари. Таа е изработена во рамки на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“ со поддршка од програмата Цивика мобилитас финансирана од Владата на Швајцарија.
Публикацијата е достапна на следниот линк.

