Публикацијата „Крај на ХИВ до 2030 година: напредокот и предизвиците на Северна Македонија“ дава сеопфатен преглед на состојбата со ХИВ во земјата, со посебен акцент на раното дијагностицирање и улогата на превентивните програми. Анализата покажува дека иако третманот и вирусната супресија кај лицата што живеат со ХИВ се на високо ниво, значителен дел од луѓето сè уште не се свесни дека ја имаат инфекцијата, што претставува сериозна пречка за ставање крај на епидемијата.
Документот јасно укажува дека насочените програми за ХИВ-тестирање и превенција, особено кај клучните засегнати популации, се далеку поефикасни од општите здравствени услуги, но истовремено се соочуваат со континуирано намалување на финансиската поддршка. Публикацијата повикува на итно зајакнување на инвестициите во превенција и застапување за политики засновани на докази, како неопходен предуслов Северна Македонија да ја исполни целта – крај на ХИВ до 2030 година.
Документот е резултат на заедничка работа на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни и Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари. Таа е изработена во рамки на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“ со поддршка од програмата Цивика мобилитас финансирана од Владата на Швајцарија.
Документот е достапен на следниот линк

