23.11.2015

Соопштение по повод конференцијата за стандардизирани услуги за семејно насилство

Граѓанските организации за стандардизирани услуги за семејно насилство

За време на конференцијата организирана од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и ОН Жени, која се одржа на 18 ноември 2015, беше презентиран процесот на стандардизација на сервисите за помош и поддршка на жените и децата жртви на семејното насилство во согласност со Истанбулската конвенција.

Овој процес ХЕРА го спроведе во текот на 2015 година во рамки на проект поддржан од ОН Жени заедно со Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и 4 други невладини организации: Кризен центар „Надеж“ со нивниот сервис Интервентно сместување, Организација на жени, Скопје со сервисот Прифатен центар, Национален совет за родова рамноправност-СОЖМ со сервисот СОС мобилна линија, Женски форум, Тетово со Бесплатна правна помош и Асоцијација за здравствена едукација и истражувања – ХЕРА  со услугата Психоцијална поддршка на жени и деца жртви и  сторители на семејно насилство. За време на конференцијата, говорниците од овие организации ги презентираа резултатите и искуствата од имплементација на стандардите. Три од организациите, во директната работа со жртвите на семејно насилство, целосно ги имплементирале стандардите, додека кај две од нив, во иднина, ќе биде потребна дополнителна  поддршка за исполнување на одредени кадровски и технички услови, согласно стандардите.

Во насока на обезбедување поголема достапност на услугите за заштита од семејно насилство на територијата на цела држава, на конференцијата се донесоа следните заклучоци:

–          Македонија мора да ја ратификува Истанбулската  конвенција како една од првите земји кои ја поддржаа. Конвенцијата е важна поради тоа што бара сеопфатен стандардизиран пристап кој ќе го подигне квалитетот и бројот на услугите кои граѓанските организации ги нудат за поддршка и заштита на жртвите на семејно насилство. Притоа, посебен фокус треба да се стави на унапредување на системот за препраќање помеѓу сите стандардизирани сервиси и институции со цел подобрување на квалитетот и достапноста на услугите наменети за жртвите на семејно насилство.

–          Како главен предизвик во процесот на стандардизација се наметнува позицијата на невладините организации во Македонија. Не може да се зборува за стандарди и квалитет на услугите од невладини организации, ако не се препознае и признае нивната улога како подеднакво важни партнери на државата во борбата против семејното насилство. Затоа, државните институции, пред сè МТСП треба да воведат ефикасни мерки за интергирање на сервисите за жртви на семејно насилство кои ги исполнуваат стандардите во националните буџети и програми со цел да се обезбеди финансиска одржливост на истите.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Весник на жените од Шуто Оризари бр. 1

Препознавајќи ги актуелните состојби и предизвици со коишто секојдневно се соочуваат жените од Шуто Оризари при остварувањето на своите репродуктивни права, а особено Ромките како ранлива група на граѓанки, Иницијативата на жени од Шуто Оризари го издаде првиот број на Весникот на жените од Шуто Оризари за да им ги доближи овие прашања првенствено на надлежните институции и да ги поттикне […]

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Повик за ангажирање консултант за спроведување обуки за мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за ангажирање консултант за спроведување обуки на тема Мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија. Ангажманот е во рамки на проектот „Осигурување на одговорна транзиција од финансиската поддршка од Глобалниот фонд кон одржливо финансирање со средства од националниот буџет на програмите за ХИВ превенција и […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia http://macedonia.nlembassy.org/ Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.