И годинава се приклучуваме на Европската недела на тестирање за ХИВ која ќе трае од 20 до 27 ноември. Зошто? Затоа што се претпоставува дека денес најмалку едно од три лица од вкупно 2,5 милиони луѓе кои живеат со ХИВ во Европа, не е свесно за својот ХИВ-статус. Половината од оние кои живеат со ХИВ се дијагностицирани доцна, со што се доцни со пристапот до терапија, грижа и поддршка.
Во напорите да ги охрабриме луѓето да направат ХИВ-тест, особено оние кои биле изложени на ризик, во младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно ќе биде достапно бесплатно и доверливо ХИВ тестирање и советување со брзи тестови во текот на целата Европска недела, односно секој ден од 15 до 21 часот. Сите заинтересирани лица можат да добијат подетални информации на 02/3176 950 или преку hivtest@hera.org.mk.