28.12.2017

Реакција: Претседателот на државата е без основни познавања за родовата (не)еднаквост

Факти: 78% од жртвите на физичко насилство се жени додека 98% од сторители на семејно насилство се мажи. Од 2008 до 2016 година, регистрирани се 70 фемициди од кои 15 се случиле само во периодот 2013-2016. Над 3/4 од случаите на семејно насилство не се пријавени во ниту една јавно достапна служба. Секоја втора жена во Македонија е жртва на психичко насилство, секоја четврта жена е жртва на физичко насилство, а секоја седма жена е жртва на сексуално насилство.

Платформата за родова еднаквост* реагира на изјавата на Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во обраќањето пред пратениците во Собранието на Република Македонија на 26.12.2018 година, каде посочи дека ратификацијата на Истанбулската конвенција со себе носи и одредени ризици, односно дека Конвенцијата „воведува нова и неконвенционална дефиниција на родот како општествен конструкт што е независен од биолошкиот пол и што може да се менува според волјата”.

Ваквата изјава на Претседателот Иванов покажува основно непознавање на меѓународната и националната рамка за заштита од родово засновано насилство и дискриминација. Дефинирањето на родот како поим кој ги означува општествено конструираните улоги, однесувања, активности и атрибути што дадено општество ги смета за соодветни за жените и за мажите претставува основен чекор во борбата за еднаквост меѓу мажите и жените. Впрочем, оваа дефиниција е и основата за донесување на меѓународните и националните документи кои го третираат прашањето за родовата (не)еднаквост и за нејзиното надминување. Разбирањето на родот како социјален конструкт, а со тоа и дефинирањето на родовите улоги не е воопшто новост ниту во политичката теорија, ниту во правото, напротив поминато е повеќе од половина век од првите констуктивистички теории. Оттука, нејасно е како претседател на една држава и на сите граѓани и граѓанки може да се спротивстави на дефиниции кои придонесуваат за надминување на историската и фактичката нееднаквост меѓу мажите и жените.

Несогласувањето со ратификацијата на Истанбулската конвенција воедно значи и одобрување на родовозаснованото насилство, особено ако се земе предвид дека дефинирањето на родот како социјален конструкт е проблематично за Иванов. Наметнатите и прецизно дефинирани родови улоги и норми се појдовната позиција која генерира насилство и шовинизам во сите општествени сфери. Со ваквата изјава претседателот се залага за презервирање на родовите улоги и норми кои генерираат насилство кон жените. Претседателот е уплашен и од фактот што согласно одредбите на конвенцијата се нуди заштита од насилство и дискриминација на родовите и сексуалните малцинства, со што претседателот директно застанува против заштитата од дискриминација, вознемирување и насилство кон ЛГБТИ луѓето, со што го поттикнува истото и го негира нивното право на живот.


*
Организации-членки:

  1. Tiiiit! Inc.
  2. Бори се женски
  3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
  4. Здружение женски форум
  5. Здружение за еднакви можности Семпер
  6. Здружение за локален рурален развој
  7. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска
  8. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените
  9. Институтот за општествени и хуманистички науки
  10. Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
  11. ЛезФем
  12. Мрежа за заштита од дискриминација
  13. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
  14. Националниот совет за родова рамноправност
  15. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)
  16. Организација на жените на општина Свети Николе
  17. Организација на жените “Кумановка“
  18. Реактор – Истражување во акција
  19. ТАКТ
  20. Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
  21. Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
  22. Хуманитарно Здружение „Мајка“

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Брошура за правата на ЛГБТИ луѓето

За македонските граѓани хомосексуалците се една од најмалку прифатливите групи сограѓани. ЛГБТИ луѓето се соочуваат со дискриминација на работното место, при користењето на правата од социјалната заштита и при пријавување случаи во полициска станица. 

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за координатор/-ка на младинските центри „Сакам да знам”

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на координатор/-ка  на младинските центри за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам знам” во Скопје, за периодот јануари – декември 2019 година.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.