Х.Е.Р.А.- Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување објавува оглас за вработување за потребите на Секретаријатот на Националниот Координативен Механизам (НКМ) за ХИВ/СИДА и Туберколоза, поддржан од Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА, Маларија и Туберколоза, на следнава работна позиција:
Сметководител
Кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови:
- Лиценца за овластен сметководител
- 3 годишно работно искуство со сметководствени регулативи и програми , изготвување на завршна сметка и финансиски извештаи;
- Одлично познавање и искуство со информатичка технологија (MS Office);
- Познавање на англискиот јазик (усмено и писмено изразување);
За работното место предност ќе имаат кандидати со:
- Универзитетска диплома (финансии- Економски факултет)
- Познавање и искуство во сметководствените регулативи за здруженијата на граѓани
- Професионална обука од областа на административно работење
Опис на договорот
- Позицијата е со скратено работно време од 30 часа неделно.
- Договорот има времетраење од една година.
Најдоцна до 17:00 часот на 19 декември (среда) 2012 заинтересираните кандидати треба да достават:
- биографија
- една препорака од организацијата каде работеле
- писмо за мотивација
- уверение за завршено високо образование
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.
Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Кандидатите ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, најдоцна ,7 дена по затворањето на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за сметководител можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. Дебарца 56 1000 Скопје
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор