Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А.- објавува конкурс за ангажирање на Психотерапевти како даватели на услуги во Семеен центар на Град Скопје за повремена работа, односно советување на сторители на семејно насилство, жртви на семејно насилство и интервенции фокусирани на траума или деца.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- дипломиран психолог или специјалист по психијатрија
- поминати најмалку 500 часа едукација по психотерапија
- изградени способности за тимска работа
- изградени комуникациски способности
- максимална посветеност кон работата
- државјанин на Република Македонија
За работното место предност ќе имаат кандидати со:
- сертификат за успешно завршена обука за работа со една од следните три категории: сторители на семејно насилство, жртви на семејно насилство и интервенции фокусирани на траума или деца (терапија преку игра)
- искуство во работа со сторители или жени и деца-жртви на семејно насилство
- искуство во граѓанскиот сектор
Најдоцна до17:00 часот на 22 јануари 2015 (четврток), заинтересираните кандидати треба да достават:
- електронска (скенирана) копија од диплома за завршено образование
- сертификат за терапевт или сертификат/потврда за поминати најмалку 500 часа едукација по психотерапија
- биографија
- писмо за мотивација
- една препорака од претходните ангажмани како психотерапевт или од институцијата каде е завршена соодветната обука
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за психотерапевт можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk
По факс на: 02 55 6 002
По пошта: Х.Е.Р.А. Дебарца, 56 1000 Скопје