Услугите во Првиот семеен центар ги нуди професионален тим од психотерапевти кој низ психосоцијален третман базиран врз соодветна техника на психотераписка работа ги зајакнува поединечно сите членови од семејството. Работата на Првиот семеен центар на град Скопје е поддржан од страна на Комерцијална Банка.
Услугите на Прв Семеен Центар во периодот од Мај 2014 до Декември 2014 година беа понудени на вкупно 112 клиенти, од кои 42 се лица од машки пол и 70 се лица од женски пол.
Во овој период Центарот работеше со 22 семејства, а индивидуално според статусот клиентите се со следниве карактеристики: 49 се жртви на семејно насилство, 16 се сторители на семејно насилство, 31 се малолетни деца кои живеат во семејство со семејно насилство и останатите 16 се други членови на семејство кои учествуваат со советувањето. Најголемиот број на жртви се жени на возраст од 30 – 45 години, кои се во брак и не се вработени.
Целосниот извештај на работата на ПСЦ за период мај-декември може да го најдете тука.