ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на правен советник.
1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
– Диплома од правен факултет
– Положен правосуден испит
– Најмалку двегодишно работно искуство во нудење на правна помош на ранливи групи граѓани
– Познавање на националните механизми за заштита на човекови права и заштита од дискриминација
– Изградени вештини за информатичка технологија (Microsoft Office)
– Одлични познавања на македонски и англиски јазик
– Самоиницијативност
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
– Државјанство на Република Македонија
За предност ќе се смета:
– Работно искуство во невладиниот сектор
– Работно искуство во обезбедување на правна помош на Роми и Ромки
– Познавање и користење на механизмите за човекови права на Обединетите нации
2.Опис на работната позиција:
Вработената или вработениот ќе биде одговорна/ен за документирање на случаи на прекршување на човекови права (здравствени права, социјални, репродуктивни права) и дискриминација на претставници на Ромската заедница во Шуто Оризари. Дополнително ќе изготвува и проследува правни акти до соодветните институции.
Работниот ангажман е до 31 декември 2016 година, со осумчасовно работно време и 20 денови за одмор. Предвидената плата во НЕТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 23 700 денари.
Најдоцна до 23 декември (среда) 2015 година заинтересираните кандидати треба да достават:
– писмо за мотивација
– детална биографија
– копија од уверение за положен правосуден испит
– една препорака од претходните работни места кои потврдуваат искуство во обезбедување на правна помош на ранливи групи граѓани
Сите кандидати кои ќе ги достават бараните документи и кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e–mail адреса.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за правен советник можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (оглас за правен советник)