Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. – објавува конкурс за вработување на определено време како замена за работничка која користи породилно отсуство од работа, на работно место со следниов опис:
Координатор/ка на проектот „Заштита од дискриминацијата на ЛГБТИ на локално ниво“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, од март 2016 година до ноември 2016 година, со полно работно време од 40 работни часови.
Кандидатките и кандидатите кои ќе бидат земени предвид треба да ги исполнуваат следните квалификации и вештини:
Квалификации:
- завршено високо образование
- познавање на националните механизми за заштита на човекови права и заштита од дискриминација
- најмалку двогодишно работно искуство во граѓанскиот сектор на позиција координатор на проект
- искуство во проект со единиците на локалната самоуправа
- одлично познавање на англиски јазик
- одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft office)
- државјанство на Република Македонија
Вештини:
- изградени вештини за административна работа, организирање на активности и подготовка на наративни и финансиски извештаи
- вештини за комуникација и соработка со донесувачи на одлуки
- ефикасна организација на работното време и исполнителност
- изградени способности за тимска работа
За работното место предност ќе имаат кандидатките и кандидатите со претходно искуство:
- во унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права
- во проекти за заштита од дискриминација на маргинализирани групи на граѓани, а особено заштита на дискриминација на ЛГБТ граѓани
Опис на работната позиција:
Вработената или вработениот ќе бидат одговорни за раководење на проект во кој треба да се зајакнат капацитетите на механизмите за заштита од дискриминација на локално ниво. Лицето ќе биде одговорно за комуникација со релевантните институции, локалните самоуправи и меѓународните партнери. Исто така, ќе организира истражување, обуки, студиска посета и медиумски кампањи.
ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидати и кандидатки ќе имаат еднакви услови без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Најдоцна до 14 февруари 2016 (недела), заинтересираните кандидати и кандидатки треба да достават:
– биографија (во која јасно посочуваат кон бараните квалификации и вештини)
– писмо за мотивација
– една препорака од претходните работни места која потврдува работно искуство како координатор на проект
Сите кандидати кои ќе ги достават бараните документи и кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса. Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат 8 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за координатор на проект можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (оглас за координатор на проект)