Низ вековите
нејзината примараност била деца раѓање
во случај да сакала да научи да чита и пишува
плоштадите ѝ биле на располагање
за со камења гаѓање
а ако посегнала по љубов
е тогаш светот бил многу суров
и за казна ја линчувал.
-Елена Пренџова-
ХЕРА веќе 15 години активно се застапува за остварувањето на репродуктивните права на жените, пристапот до информации и сервиси за сексуално и репродуктивно здравје и права, пристап до контрацепција, сигурен пристап до легален и безбеден абортус.
Просторот на граѓаните кои ги застапуваме, е исполнет со желби, потреби, соништа и права за кои треба да се бориме, чека да го исполниме со заеднички акции.
Користејќи го јазикот на уметноста, преку поезијата го креваме гласот за сите нас, но и за оние жени кои се безгласни, кои се под притисок, кои трпат насилство, кои се економски немоќни, за безгласните. Пред вас е збирка од слем поезија која беше изведена на настанот на 28 септември, по повод Глобалниот ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус.
Уживајте во поезијата на овој линк.