ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на специјалист за прибирање на финансиски средства за потребите на Националниот координативен механизам.
Националниот координативен механизам (НКМ), е мултисекторско тело основано во 2003 година со цел да ги координира активностите на национално ниво финансирани од Глобалниот фонд за ХИВ, туберкулоза и маларија и да овозможи партиципативно донесување на одлуки. НКМ вклучува претставници од владиниот и невладиниот сектор, како и донаторските агенции.
Профил и квалификации
Бараме искусно лице во прибирање финансиски средства. Тој/таа треба да поседува конкретни знаења и вештини за прибирање финансиски средства од приватен сектор и одредени лични контакти од мултилатерални или билатерални донатори. Тој/таа потребно е да поседува искуство во работа со меѓународни донатори, вклучително и донатори од приватниот сектор од најмалку три години. Тој/таа потребно е да поседува искуство во подготовка и имплементација на стратегија за прибирање финансиски средства. Потребно е да има искуство и вештини индиректна и директна- лице во лице комуникација со донатори. Покрај ова кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве основни квалификации:
– Универзитетска диплома по бизнис администрација, општествени науки, јавна администрација или сродна област. Постдипломски студии ќе се сметаат за предност.
– Преговарачки вештини со приватен сектор и вештини за пишување на апликации за ЕУ
– Течно говорење на македонскиот и англискиот јазик
– Способности за планирање, организација и обуки/ советување /менторство
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
– Државјанство на Република Македонија
Предност ќе имаат кандидати со:
– Способности за вмрежување, убедување и влијаење
– Способност за претприемничко размислување
– Солидни знаења за on-line платформи за мобилизација на ресурси
– Познавањето на албански јазик ќе се смета за предност.
Ангажираното лице ќе биде одговорна/ен за креирање и имплементација на Стратегија за мобилизација на финансиски ресурси која треба да се фокусира на следните аспекти:
– Прибирање финансиски средства од меѓународни донаторски организации преку пишување апликации
– Прибирање средства од локалните бизниси
– Продажба на услуги, како начин на генерирање приход
– Јавни извори од локалните власти
Ангажманот предвидува потпишување договор за консултантски услуги со покриен персонален данок на доход.
Најдоцна до 21 октомври 2015 (среда, крај на денот) заинтересираните кандидати треба да достават:
– писмо за мотивација
– детална биографија
– една препорака од претходните работни места
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за специјалист за прибирање на финансиски средства НКМ можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (конкурс за специјалист за прибирање на финансиски средства НКМ )