28 септември е глобален ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус. На овој ден, организации од целиот свет се здружуваат со едно заедничко барање – веднаш да се обезбеди пристап до безбеден и легален абортус. За тоа се залагаме и ние, па заедно со останатите членки на Платформата за родова еднаквост годинава ја организираме Националната конференција на тема „Законските ограничувања – безбеден и легален абортус“ под глобалното мото „Урни тоа митовите“ и вечер на слем-поезија во соработка со Poetry Slam Macedonia.