Мрежата за заштита од дискриминација во овој момент има 14 активни предмети кои се поведени пред Комисијата за заштита од дискриминација (Комисијата), од кои на дури 8 предмети им е истечен рокот од 3 месеци во кои Комисијата треба да одлучи дали постои дискриминација. Рокот за постапување истекува за една неделa и во останатите 6 активни предмети кои ги води оваа мрежа. Ваквата состојба на неефикасно работење на Комисијата отвора дилеми во врска со ефикасноста на механизимите кои би требало да ги штитат граѓаните кога тие се дискриминирани.
Целосното соопштение на Мрежата за заштита од дискриминација може да го преземете на следниов линк.