Годишното Собрание на ХЕРА се одржа на 4 јули 2015 година каде беа презентирани програмскиот и финансискиот извештај за 2014 година. Исто така од страна на Управниот Одбор беа презентирани политиките за ХИВ на работното место како и политиката за заштита на деца, млади и лица под ризик. Членовите на ХЕРА го изгласаа новиот Управен Одбор во состав: Ива Михајловска, Катерина сапсовска, Христина Несторовска, Андреј Сених и Деспина Димитрова. На денешното Собрание, новите членови на организацијата се преставија пред останатите членови и ги објаснија своите мотиви за приклучување кон ХЕРА.